October 26, 2021 14:24
Македонија

Починале 12 пациенти од коронавирусот, новозаразени 412

Нови 412 случаи на КОВИД-19 од  3.567 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Оздравени се 459 пациенти, а починале 12 во изминатото деноноќие и дополнително осум пациенти во периодот од  1 септември до 8 октомври 2021 согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број новодијагностицирани, половина се во Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци имаат по 10, Радовиш – шест, Штип и Свети Николе по пет нови случаи, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица по четири, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по тројца новозаразени, Валандово – двајца, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод имаат по еден нов случај.
Од 12-те починати во изминатите 24 часа, шест се од Скопје (73г, 72г, 67г, 61г, 49, 46г), двајца починати се од  Кочани (66г, 63г), по едно починато лице има од Прилеп (80г), Охрид (77г), Куманово (77г) и Велес (48г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште осум починати лица, со датум на смрт од 1 септември до 8 октомври 2021. Четири се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани, и се на возраст од 36 до 93 години. Шест од пријавените се починати во болница, а двајца  во домашни услови.
Од 459те оздравени пациенти, од Скопје се 266, Куманово – 36,  Велес – 25, Прилеп и Охрид – по 18, Битола – 14, Штип – 11, Кавадарци и Радовиш – по 10, Кочани – девет, Крива Паланка – шест, Тетово, Свети Николе и Виница имаат по петмина оздравени, Гевгелија – четири, Пробиштип и Кратово  – по тројца, Гостивар, Кичево и Струга – по двајца оздравени и по еден – Неготино, Ресен, Берово, Богданци и Демир Капија.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 85 342, Активни 3323
Куманово 11 748, Активни 544
Тетово 10 890, Активни 183
Прилеп 9170, Активни 183
Гостивар 7981, Активни 65
Битола 7210, Активни 197
Велес 6441, Активни 290
Кавадарци 6043, Активни 153
Охрид 6038, Активни 206
Штип 5873, Активни 195
Струмица 5817, Активни 200
Кичево 4023, Активни 131
Струга 3812, Активни 63
Кочани 3359, Активни 125
Гевгелија 2460, Активни 61
Неготино 2331, Активни 23
Свети Николе 1942, Активни 90
Радовиш 1553, Активни 57
Ресен 1546, Активни 44
Крива Паланка 1508, Активни 120
Дебар 1451, Активни 22
Берово 1214, Активни 12
Делчево 1127, Активни 41
Виница 1059, Активни 43
Пробиштип 943, Активни 37
Валандово 832, Активни 18
Кратово 610, Активни 56
Богданци 562, Активни 18
Крушево 535, Активни 12
Македонски Брод 476, Активни 12
Демир Хисар 458, Активни 30
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 323, Активни 31
Пехчево 315, Активни 2
Дојран 140, Активни 1
Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна  195 542 од 1 330 304 тестирања. Оздрвени пациенти се вкупно 182 078, починати е 6875, а  активни случаи во државата има  6589.

ANIMEFLIX: Honkai Impact 3 The Animation Meteoric Salvation anime episode Full online free at https://animeflix.nl animeflix banana fish

Cat Planet Cuties: Come Drop By Episode Full

Website https://animekisa.in: Watch Liuxing Huan Jian animekisa Episode 20 animekisa

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

KissAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed