October 20, 2021 14:18
Македонија

Починаа деветмина од Ковид 19, 162 новозаболени

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14. Институтот за јавно здравје денеска регистрира пет оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.

Починати се девет лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62 г.), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62 г.), хоспитализиран пред три дена. Во ГОБ „8 Септември” починаа пациент од Скопје (69 г.) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73 г.) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70 г.) хоспитализирана на 2 јуни.

Во болницата во Прилеп почина пациентка на возраст од 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59 г.), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69 г.) а во болницата во Гостивар на пациентка (58 г.) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на Ковид е докажан постмортем.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.057, бројката на оздравени пациенти е 1.710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
•       Скопје 1.858, активни 1.210
•       Куманово 640, активни 221
•       Дебар 61, активни 10
•       Штип 238, активни 196
•       Прилеп 228, активни 20
•       Тетово 413, активни 239
•       Струга 127, активни 49
•       Велес 150, активни 27
•       Битола 33, активни 6
•       Охрид 69, активни 51
•       Кавадарци 6, активни 1
•       Гостивар 66, активни 41
•       Гевгелија 8, активни 4
•       Струмица 8, активни 5
•       Крива Паланка 10, активни 4
•       Радовиш 4,
•       Крушево 3,
•       Кочани 54, активни 23
•       Пробиштип 11, активни 9
•       Демир Хисар 1,
•       Македонски Брод 3, активни 1
•       Пехчево 5, активни 2
•       Берово 2, активни 1
•       Валандово 4, активни 3
•       Виница 3,
•       Делчево 1,
•       Кратово 3, активни 1
•       Свети Николе 9, активни 8
•       Кичево 3, активни 1
•       Ресен 19, активни 18
•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111.  До овој момент, како што се посочува, лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев” не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.

Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. До изутрината во ГОБ „8 Септември” примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Website https://animefreak.ws: Watch Hello! Sandybell animefreak Episode 1 animefreaks website

Website https://animeflix.nl: Watch Duck Brigade animeflix Episode Full anime online

AnimeDao: Kyojinzoku no Hanayome anime episode 9 online free at https://animedao.nl hunter x hunter animedao

Watch Dragon Ball Z: Dead Zone (Dub) Episode Full

Forums unknownworlds: https://forums.unknownworlds.com/profile/animeflixnl

Buddypress: https://buddypress.org/members/gogoanimebe/profile/