Култура

Почесна „Златна рамка“ за Жаклина Крстевска, Петар Мирчевски, Петар Богоевски и постхумно за Томе Молдовски – Мољац

Почетокот на првото издание на филмската ревија посветена на македонскиот филм „Златна рамка” беше означено денеска со свеченото собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) кое донесе одлука да ги награди професионалците Жаклина Крстевска за најдобар филмски автор, Петар Мирчевски за најдобар филмски актер, Петар Богоевски за најдобар филмски работник, а постхумна почесна „Златна рамка“ доби Томе Молдовски – Мољац.

Наградата во име на Молдовски ја прими член на неговото семејство, а останатите награди ќе бидат врачени утревечер во Клуб-ресторанот во МКЦ.

Овие награди секоја година ќе се доделуваат за да се одаде почит на филмските професионалци кои имаат многу значајни и многубројни остварувања зад себе.

На собранието зборуваше претседателот на ова здружение, режисерот Игор Иванов-Изи, и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

Она за што сум се борел и ќе се борам е филмот да остане надвор од политиката. Во ДФРМ гледаме партнер со кој заедно ќе создаваме критериуми за филмот да оди напред. Ќе работиме на квалитет, а не на квантитет. Оваа ревија е начин да се направи отчет на сработеното, да не ни се случи како во минатото да се даваат средства за филмови кои никој никогаш не ги видел. И натаму се бориме да ги вратиме накалемените долгови, а во моментов наследивме 90 незавршени филмови. Сепак, во сите овие проблеми во кој била втурната Агенцијата за филм, успеваме да создаваме силни критериуми за македонскиот филм да добие видливост и успех во светски рамки како што тоа ни се случи во изминативе месеци“,  рече Тозија.

Иванов го соопшти и предлогот за прием на почесен член во ова друштво, филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре, кој е неуморен многугодишен поддржувач на македонскиот филм. Куновски беше едногласно избран од членовите на ДФРМ.

Работниот дел на Собранието продолжи зад затворени врати со претходно утврдена агенда.
Трите филмски денови на ревијата, почнувајќи од денес, се поделени во три дела: документарна програма од 17:00 часот, краткометражни филмови кои почнуваат во 19:00, додека, пак, долгометражните во 21:00 часот. Сите проекции се во кино „Фросина” и се бесплатни.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ в сабота со почеток во 11:30 е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, а в недела исто со почеток во 11:30, тркалезна маса на тема: „Нема кинематографија без филмска критика” предводена од страна на уметничкиот координатор на „Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска.

animes online. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Horimiya (Dub)

Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

AnimeFreak Dragon Ball Z (Dub)

AnimeFreak That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 5

anime freak site Tokyo Revengers (Dub)