September 24, 2021 09:14
Македонија

Поцкова: Иако се прави и ребаланс на Буџет, пари за здравството нема, а истото функционира на основ на донации

Врз основа на планираното и ребалансот на Буџетот за годинава излегува дека дефицитот излегува 6,5 од бруто домашниот производ, а раст од 4,1 посто. Вака високо позиционираниот раст е многу висок и тешко се  постигнува затоа што младите се иселуваат, нема продуктивност, не се реализираат капиталните инвестиции, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јадранка Поцкова на собраниската седница на која се дебатира за ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Пратеничката укажа дека разликата меѓу приходи и расходи се зголемува на сметка на граѓаните, или истата ќе ја плаќаат тие.

„Со вакво проектирање граѓаните секое семејство се задолжува за дополнителни 500 евра или задолжувањето е за купување на социјален мир . Токму тој социјален мир скапо ќе го чини секој граѓанин”, рече Поцкова.

Според Поцкова за оваа влада секоја година е економска.

„На крајот излегува дека само цените се повисоки и ништо друго нема. Има само предизбпрен поткуп и грабеж на народните пари”, кажа Поцкова која се осврна на тоа дека Македонија има еден  од најлошите резултати за инвестиции.

Сите држави од регионот имаат повеќе инвестиции од Македонија.

„Директните странски инвестиции во Македонија изнесуваат ни повеќе ни помалку од 1,9 проценти од БДП, додека пак во соседството бројките се следни Босна и Херџ=цеговина има странски директни инвестиции во 2020 година во вредност од 2,1 процент од БДП, Косово 4, Србија 4,8, Албанија 5,7, Црна Гора 11 проценти“, рече Поцкова.

Пратеничката се осврна и на тоа дека во ребалансот требало да има пари за здравството особено поради ковид пандемијата.

Дали нашето здравство го заслужува ова? Здравството се базира на донации, значи државата одвои многу малку средства за оваа област”, рече Поцкова.

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

Website https://4anime.biz: Watch Aoi Umi no Tristia 4anime Episode 2 4anime heroes rising

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animeflix.nl: Watch Revolutionary Girl Utena (Dub) animeflix Episode 39 animeflix legal

Vingle: https://www.vingle.net/gogoanimebe

Vnxf: https://vnxf.vn/members/animefreakws.28123/#about