December 1, 2021 16:56
Македонија

Пофалници и награди за најдобрите дипломирани студенти на УКИМ

Пофалници и пригодни награди ќе им бидат доделени денеска на најдобрите дипломирани студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”-Скопје, за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година.

Доделувањето на пофалниците и наградите ќе биде пред платото на Ректоратот на УКИМ.

Исто така, како што информираат од УКИМ, на редовните студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8,00 од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први” и Факултетот за драмски уметности за учебната 2019/2020 година ќе им биде врачена наградата „26 јули” од Фондацијата „Франк Манинг” од Велика Британија.