February 2, 2023 23:13
Свет

Потпретседателката на ЕУ Парламентот уапсена во истрага за корупција

Белгиската полиција вечерва во Брисел ја уапси грчката социјалистка и пратеничка во Европскиот парламент Ева Каили (44), која е и една од потпретседателите на Европскиот парламент, јави АФП. Апсењето, поврзано со истрагата за корупција во врска со Катар.

Се вели дека апсењето го вклучува и партнерот на г-ѓа Каили, Лука Висентини (53), кој е актуелен генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати ITUC.

Каили е приведена на распит во полиција, додава изворот.

Другите четворица првично уапсени се италијански државјани или со италијанско потекло.

Федералниот обвинител на Белгија ги објави претходните апсења откако беа откриени 600.000 евра во готовина кога полицијата извршила рација на 16 адреси во Брисел.

Обвинителите не го прецизираа идентитетот на осомничените или името на државата за која станува збор, само велејќи дека станува збор за заливска држава.

Но, извор близок до случајот ги потврди извештаите во печатот дека истрагата е фокусирана на сомнителни обиди на Катар да го корумпира италијанскиот социјалист кој бил пратеник во Европскиот парламент од 2004 до 2019 година.