December 16, 2019 09:17
Македонија

Потпишување нов Колективен договор на вработените во МО и во Армијата

Министерката Радмила Шекеринска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во 14.00 часот ќе го потпишат новиот Колективен договор на вработените во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Северна Македонија.

По потпишувањето на Колективниот договор во Мнистерството за одбрана, како што е најавено, министерката Шекеринска и претседателот на Независниот синдикат, Исајов ќе дадат изјави за медиумите.

Досегашниот Колективниот договор во МО беше потпишан во 2013-та, а изменет во 2017 година.

Нови вести

„100 години од раѓањето на академик Ѓорѓи Филиповски” по повод 72 години ФЗНХ

Igor

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои човек или бизнис сектор кој не е излажан од СДСМ

Igor

Владата денеска во Куманово ќе ја одржи редовната 171 седница 

Igor