June 25, 2022 09:43
Македонија

Потпишување договор за грант за обнова на училишни спортски сали

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа Томас Бошек ќе потпишат договор за грант, неповратни средства во износ од 3 милиони евра за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта и за набавка на опрема за 50 спортски сали во основни училишта.