August 14, 2022 20:12
Скопје

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и здружението Борка

Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за борба против рак ,,БОРКА – За секој нов ден” во насока на подобрување на здраственте услуги на жителите од општина Илинден.

Меморандумот кој го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и претседателката на здружението ,,БОРКА – За секој нов ден”, Биба Додева има за цел воспоставување долгорочна соработка помеѓу двете страни во насока на подобрување на Заштитата на правата на пациентите во Општина Илинден и формирање и работа на Комисија за заштита на правата на пациентите во состав на Општината, согласно глава 4 од Законот за заштита на правата на пациентите, како краен резултат на соработката.