September 18, 2021 15:43
Економија Македонија

Потпишани 12 догоговори вредни 3,6 милиони евра за прекугранична соработка со Бугарија и Косово

Дванаесет договори за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово во вкупна вредност од 3,6 милиони евра потпиша денеска министерот за локална самоуправа Горан Милевски со претставници на граѓанскиот сектор, на неколку општини и на два центри за развој.

Средствата се обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, а националното кофинансирање во висина од 15 проценти по проект, што е задолжителен услов за користење на средствата од ЕУ, во износ од 337 илјади евра, е обезбеден од Буџетот на  државата, односно од Министерството за локална самоуправа.

– На овој начин државата преку Министерството за локална самоуправа ги стимулира потенцијалните апликанти похрабро да влегуваат во партнерствата за прекугранична соработка, да подготвуваат добри проекти кои им се важни на државата и на граѓаните во пограничните региони и со тоа максимално да ги искористиме средставта од Унијата кои ни стојат на располагање. Осум проекти ќе бидат финансирани од Програмата за прекуграничната соработка со Бугарија, а четири со Косово. Вкупната вредност на проектите со Бугарија е 2,7 милиони евра, а со Косово 900.000 евра, рече Милевски.

Тој нагласи дека  од претпристапните фондови од инструментот ИПА досега со бугарската програма имаме имплементирано 100 проекти во првиот програмски период и 73 во вториот програмски период – ИПА 2. Со косовската програма, која започна подоцна, во вториот програмски период се имплементирани 12 проекти со партнери од Косово.

Милевски подвлече дека на почетокот од програмските периоди НВО и граѓанскиот сектор доминираа во одобрувањето на овие средства, но благодарение на зголемувањето на капацитети на општините, на планските региони и јавните претпријатија, сега сликата се менува и тие доминираат во одобрувањето и во короистењето на средствата од ЕУ.

– Ние сме задоволни со тој начин на работа и како Министерство им стоиме на располагање на општините и јавните претпријатија во подготвувањето на документите за аплицирање. Како држава, но и како Министерство спремни сме да го започнеме и процесот на акредитација на Министерството и да го преземеме управувањето со ИПА 3 програмата за прекугранична соработка со Албанија и со Косово, со што ќе ја преземеме и обврската и одговорноста за водење на овие програми. Досега Програмата со Албанија ја води  Делегацијата на ЕУ во Скопје, а со Косово – Делегацијата на ЕУ во Приштина. Се надевам дека за многу брзо време ќе го започнеме овој прпоцес во интерес на сите, бидејќи ние како држава со повеќегодишно искуство со ИПА 1 и ИПА 2 програмата имаме капацитет и заслуживме да ги преземеме водењето на овие програми, рече Милевски.

Потпишани се договори со градоначалниците на општините Карбинци, Берово, Крива Паланка, Куманово, Гази Баба и Штип, со центрите за развој на Југоисточниот и Северноисточниот плански регион, со две јавни претпријатија од Македонска Каменица и од Куманово, како и со Еколошкото друштво од Македонска Каменица и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Скопје.

Shichinin no Nana (Dub) (https://animetv.cc/m/9x9O) Episode 26

Planetes (Dub) (https://4anime.biz/m/7LYG) Episode 26

Website https://kissanime.mx: Watch One Punch Man 2nd Season Specials kissanime Episode 6 hunter x hunter kissanime

Website https://aniwatch.pro: Watch Aura: Koga Maryuin's Last War (Dub) aniwatch Episode Full dubbed anime

Cplusplus: https://www.cplusplus.com/user/gogoanimebe/

Community aodyo: https://community.aodyo.com/user/animefreakws