December 3, 2022 09:13
Свет

Потона брод во Бангладеш – над 50 загинати

Најмалку 50 луѓе загинаа, а многу се водат како исчезнати кога брод полн со хинду-верници потона во Бангладеш, соопштија денеска официјални лица.

Несреќата се случила вчера, а меѓу загинатите има 25 жени и 13 деца, изјави Јахурул Ислам, администратор на северната област Панчагарх, каде што се случи несреќата, пренесе „Ројтерс“.

Спасувачката потрага продолжува.

Повеќето од патниците биле хинду-верници, кои отишле во храмот на фестивалот „Махалаја“ кога Хиндусите им принесуваат жртви на своите предци.

На бродот имало повеќе од 70 патници.

Стотици луѓе годишно умираат во несреќи со траект во Бангладеш поради недостиг на безбедносни стандарди.