November 26, 2022 14:00
Спорт

Потер предложи премиерлигашите на гостински натпревари да не патуваат со авион

Тренерот на Челзи, Грем Потер, им предложи на тимовите од англиската Премиер лига да размислат да престанат да доаѓаат на гостински натпревари со авион.

– Ако размислувате за обемот на емисиите во воздухопловството, воопшто не е кул. Треба да го преиспитаме патувањето со авион. Но, ние играме во Премиер лигата и мора да се обидеме да се подготвиме најдобро што можеме. Треба да се преиспитаме дали на гостинските натпревари треба да патуваме со авион. Летаме во нашата земја и овој проблем е предизвик. Мора да најдеме решение, го цитира „Телеграф” Потер.

Тренерот нагласи дека во повеќето случаи премиерлигашите претпочитаат да стигнат на гостински натпревари со авион, дури и ако поминат само 15 минути во воздух.