December 15, 2019 03:12
Скопје

Поставен прочистувач на воздух во ООУ “Кузман Шапкарев” во Општина Кисела Вода

Во Основното училиште “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево е поставен прочистувач на воздух. Преку соработката на Одделението за заштита на животната средина на Општина Кисела Вода, компанијата “Мулти Медија” го постави прочистувачот чии филтри штитат од ПМ1, ПМ2.5 И ПМ10 честички. Секретарот на Општината Александар Алексовски и директорката на ова училиште ги слушнаа деталите за работата на овој прочистувач од управителот на компанијата што го произведе. Имено, се работи за македонски продукт со голем капацитет кој прочистува 20 до 30 метри кубни амбиентален воздух во минута. По Основното училиште “Кузман Шапкарев”, се планира прочистувачот да биде поставен и во други училишта во општината.

Секојдневно ќе се вршат мерења, а неделните извештаи ќе и помогнат на Општина Кисела Вода во изработката на стратегија за надминување на горливиот поблем со аерозагадувањето. За потсетување, оваа Општина веќе постави прочистувачи на воздух во сите градинки на својата територија.

Нови вести

Администрацијата на Општина Кисела Вода го исчисти сметот на својата територија

Igor

Голема акција за чистење на Скопје, oтстранети импровизираните објекти од кејот на Вардар

Valentina

Заев: Со реконструкција на Пластичарската улица граѓаните ќе добијат модерно сообраќајно решение и поголема ефикасност на градскиот сообраќај

zane