August 14, 2022 09:13
Македонија

Посмртните останки од загинатите ќе бидат пренесени в петок во Македонија

Посмртните останки на 45-те загинати во сообраќајната автобуска несреќа во Бугарија ќе бидат пренесени во Македонија со организиран авионски лет в петок (3.12.2021), откако утре, како што се очекува, ќе биде завршена обдукцијата на телата според информациите на бугарското обвинителство, информираа портпаролите на Владата, на денешната прес-конференција.

Телата на загинатите, според државен протокол, ќе им бидат предадени на семејствата.