October 20, 2021 14:47
Свет

Последниот самит на Г7 за канцеларката Ангела Меркел, прв за Џо Бајден

Самитот Г7 во Корнвол за германската канцеларка Ангела Меркел е последниот настап меѓу шефовите на држави и влади на седумте најразвиени индустриски земји, на кој за првпат Џозеф Бајден учествува како американски претседател.

– We can do it. ‘Wir schaffen das!’, I think is the phrase. Clearly! (Можеме. Можеме да успееме! Мислам дека тоа е мотото! Секако!), рече Борис Џонсон во 2019 година, алудирајќи на изреката на канцеларката од 2015 година. Ексцентричниот Британец тогаш беше прв гостин премиер во Берлин, каде го пречека Ангела Меркел.

Денеска ситуацијата е спротивна. Ангела Меркел за последен пат е меѓу нејзините колеги од Г7. А тој, Британецот, сега е домаќин на самитот Г7 во Корнвол, на кој присуствува и „долгогодипната” германска канцеларка, пренесува Дојче веле.

-Јас сум од оние кои можат многу јасно да изразат што сакаат, рече Меркел на еден од бројните самити на Г7. Во меѓувреме, сите го разбраа тоа или мораа да го прифатат со голема тешкотија. Ова е нејзин 15-ти самит на Г7.

Германската канцеларка виде многу и политички ги преживеа Берлускони, Саркози и Трамп. Сите дојдоа – и си заминаа. Единствено таа остана.

Канцеларката како „мерка за градење доверба”

Шефот на Конференцијата за безбедност во Минхен, Волфганг Ишингер, еднаш кажа: Канцеларката е мерка за градење доверба, давајќи и го на канцеларката искрениот комплимент „Предвидлива. Доверлива!”. А тоа не важи за секој учесник на важни конференции.

-Никогаш не сум видела шеф на влада кој постојано ги доведува во прашање одлуките на неговиот претходник, рече канцеларката Меркел на самитот на Г8 во Јапонија во 2008 година.

Но, од доаѓањето на Трамп се се промени. Ишингер тоа го нарече пресвртница во германско-американските односи, бидејќи до доаѓањето на Трамп, за Германија не беше важно дали тој е демократ или републиканец во Белата куќа.

-Сите тие беа наши пријатели. Но, тоа веќе не е случај, рече тогаш Ишингер.

Европа и Германија сега мора да му помогнат на Бајден за да може Америка повторно да му помогне на светот.

Ишингер го изразува ова на подраматичен начин и вели дека Бајден ќе загуби на следните избори доколку не може да им објасни на Американците зошто неговата политика заснована на соработка е добра за нив.

„Долго чекавме на ова”

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас посочува дека со Бајден ќе почне обновувањето на нешто што некогаш само по себе се сметаше за здраво во меѓународните односи.

-Да бидам искрен, ова го чекавме долго време. Во последните неколку години се случија инциденти со претходната американска администрација што предизвикаа загриженост дека меѓународниот поредок ќе претрпи трајна штета.

Патем, Ишингер го има одговорот од САД, Јапонија, Канада, Италија, Велика Британија и Франција, кои можеби се прашуваат каква е судбината на Г-7 без Ангела Меркел – исто така, размислувајќи за претстојните избори во Германија. Одговорот е: „Не се плашете  од Германија. Остануваме во континуитет. Она што е напишано со мали букви може да се промени, но она што е напишано со големи букви останува. И тоа е добрата вест “. сд/

-Да бидам искрен, ова го чекавме долго време. Во последните неколку години се случија инциденти со претходната американска администрација што предизвикаа загриженост дека меѓународниот поредок ќе претрпи трајна штета.

Патем, Ишингер го има одговорот од САД, Јапонија, Канада, Италија, Велика Британија и Франција, кои можеби се прашуваат каква е судбината на Г-7 без Ангела Меркел – исто така, размислувајќи за претстојните избори во Германија. Одговорот е: „Не се плашете  од Германија. Остануваме во континуитет. Она што е напишано со мали букви може да се промени, но она што е напишано со големи букви останува. И тоа е добрата вест “.

4Anime: Nanako SOS anime episode 1 online free at https://4anime.biz my hero academia 4anime

Website https://wcostream.cc: Watch A Certain Magical Index the Movie: The Miracle of Endymion wcostream Episode Full wcostream amazing world of gumball

Watch anime online for free at AnimeHeaven animes online

AnimeFreak: Future Card Buddyfight Ace anime episode 43 online free at https://animefreak.ws bleach animefreak

Wakelet: https://wakelet.com/@KissAnimemx

Docs google: https://docs.google.com/spreadsheets/d/1mIY_nsntuoEy_ahe07-H7V08qUWW9lLyP-t6u52vUlo/edit?usp=sharing