January 24, 2022 15:35
Балкан

Последниот повик на Матеј бил до пријателка која била во Белград па тргнал да ја бара?

Од српската полиција протекоа информации дека инспектори и и нивните хрватски колеги истражуваат што исчезнатиот Матеј Периш (27) од Сплит и рекол на сестрата на својот пријател ноќта на неговото исчезнување.

Имено, утврдено е дека Матеј последниот телефонски разговор го имал со долгогодишната пријателка од Сплит, а полицијата смета дека нејзиниот исказ може да биде пресуден за расветлување на неговото исчезнување кое трае веќе 15 дена.

Таа пријателка била на друга новогодишната забава во Белград и нејзиното доаѓање во Србија не било поврзано со Матеј и неговиот тим. Според неофицијални информации на Вечерњи лист, таа се уште е во Белград.

Извор запознаен со истрагата вели дека Матеј  на Инстаграм видел дека таа е и во Белград, па Матеј и пратил порака, а потоа и се јавил. Тој сакал неговиот и нејзиниот тим да продолжат да се дружат и таа да ги запознае со ноќниот живот во Белград бидејќи познава многу луѓе таму и често одела во Србија на ноќни излегувања.

Девојката пред неколку дена на социјалните мрежи сподели фотографии од ресторанот Буда, кој се наоѓа во непосредна близина на ресторанот „Сава нова“, каде што надзорната камера ја снимила последната фотографија на Периш .

Пријателите на Периш го напуштија Белград пред неколку дена, откако беа прегледани на полиграф и се вратија во Сплит. Бидејчи се вратиле со корона, полицијата чекала да излезат од изолација и веќе разговарала со нив.

Шефот на Управата за криминалистичка полиција и помошник директор на хрватската полиција Антонио Геровац на прес-конференцијата изјави дека пријателите на исчезнатиот се клучен извор на информации.

-Српската полиција детално разговарала со нив. Инспекторите кои работат на случајот се најискусните истражители и морам да кажам дека тие се вистински професионалци. Хрватската полиција ќе преземе одредени дејствија во врската, за расчистување на одредени сомнежи кои постојат во делот на исчезнувањето. Ќе се разговара со нив се додека сметаме дека е потребно – истакна Геровац.

МВР на Србија днеска соопшти дека и официјално ја прошири потрагата по исчезнатиот сплиќанец на Смедерево, Пожаревац и Панчево.

Белградската полиција, пак, завчера одржа прес-конференција на која направи реконструкција на тоа што забележале камерите ко го снимиле Периш. При тоа заклучиле дека снимките од објектот како плива во Сава одговараат на сигналот на мобилниот телефон на Матеј Периш. Полицијата на медиумите презентираше 10-минутна реконструкција на движењата на Матеј Периш на снимките од голем број надзорни камери и постојано нагласуваше дека единствениот контакт на Матеј бил обидот да се качи во такси и никој не трчал по него, ниту пак имало конфликт.

Разликата во времето на снимката во ресторанот „Сава Нова“ е затоа што часовникот не се менувал по летното сметање на времето, па се испоставува дека Матеј трчал еден час, но всушност неговото движење покриено со камери траело десетина минути.

 

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

english anime Tokyo Ghoul

TSUKIMICHI -Moonlit Fantasy-

Naruto: Shippuden Episode 491

Death Note

So I'm a Spider, So What?