December 10, 2022 07:19
Свет

Последната желба на кралицата е поврзана со принцот Хари

Историчарот и експерт за кралското семејство Роберт Хардман за магазинот „People“ ја откри последната желба на кралицата Елизабета Втора.

Последната желба на кралицата била Хари да се смири со остатокот од семејството и да се врати во Англија, вели тој.

Познато е дека Хари отсекогаш бил омилениот внук на кралицата, а сега има официјална потврда дека кралицата едноставно го обожува и покрај сите предавства и разочарувања што ги предизвика на кралското семејство во последните неколку години.

Тој и неговата сопруга Меган Маркл постојано даваа интервјуа во кои го обвинуваа семејството на Хари за расизам и дискриминација на Меган, а целосно се разделија од нив кога решија да се преселат на друг континент.

„Кралицата до последниот ден од животот го обожаваше својот внук, принцот Хари. Исто така, Хари многу ја сакаше и затоа нејзината смрт го погоди многу силно“ – рече Хардман и објаснил дека на принцот му било особено тешко што последните години не се гледал често со својата баба.

„Таа беше една од најсилните врски меѓу Калифорнија и Виндзор, а само нејзината љубов успеа да го спречи Хари целосно да ги прекине сите врски со семејството“ – додаде историчарот.