April 21, 2019 21:05
Економија

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V)  ќе се продава за 60,5 денари,  а на екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 49 денари.

За 0,149 денари се намалува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.

РКЕ ја  утврди новата цена на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта  и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Нови вести

Раст на кинеската економија од 6,4 проценти во првиот квартал

Filip

Компанијата Фијат Крајслер повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Filip

Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот

Igor