June 18, 2019 17:23
Македонија

Посебен сообраќаен режим околу Соборниот храм

Посебен сообраќаен режим денеска од 11 часот ќе има околу Соборниот храм во Скопје поради одржување на манифестацијата Бадникови поворки.

Манифестацијата е во организација на Здружение за возобновување на православните традиции „Бадникови поворки”, а ќе започне во 11 часот на плоштадот пред црквата „Св. Димитрија” (ул. Црвена Скопска општина). Од 11:45 часот до 12:30 часот ќе се одржи Бадникова поворка од црква Св. Димитрија (ул. Црвена Скопска општина) до соборен храм „Св. Климент Охридски”. Учесниците ќе се движат од ул.„Иљо Војвода”, лево по бул.„Гоце Делчев”, право по бул.„Илинден”, лево по бул.„Св. Климент Охридски” до пред влезот на Соборен храм „Св. Климент Охридски” на бул.„Партизански одреди” во Скопје.

Од  МВР апелираат до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

Нови вести

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето до октомври годинава

Filip

Лајчак за МИА: ЕУ мора да го исполни ветеното и оваа година да отвори ново поглавје во односите со Северна Македонија

Filip

ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски да каже зошто има потфрлање на собраните даноци од 50 милиони евра

Igor