June 28, 2022 01:30
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради оперативно-тактичка вежба

Поради одржување оперативно-тактичка вежба денеска во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Оперативно-тактичката вежба ќе се одржува во периодот од 9:30 до 12 часот од страна на МВР и во координација со Амбасадата на САД.

Во овој период затворени ќе бидат улиците „Лазар Личеновски” и „Самоилова” и булеварот „Никола Карев”, на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада” до улицата „8 Септември”.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

go88 dang nhap

https://sunwin.fan/