August 10, 2022 22:49
Македонија Скопје

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Дел од улиците во централното подрачје на градот Скопје, на потегот од пред Собранието до пред зградата на Министерството за правда денеска ќе бидат затворени за сообраќај.

– Посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07:30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври” и „Димитрија Чуповски, и тоа на потегот од крстосницата со булевар „Кочо Рацин” до крстосницата со улица „Васил Главинов”, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.