April 21, 2021 00:05
Спорт

Порто одигра за својот ненадејно починат голман Кинтана

Ракометарите на Порто ги освоија бодовите на натпреварот против Елверум 31-38 (11-16), со што го освоија петтото место во групата А од Лигата на шампионите. Оваа победа португалскиот тим му ја посвети на ненадејно прерано починатиот свој голман Алфредо Кинтана поради што мечот почна со едноминутно молчење и солзи во очите кај играчите од Португалија.

Елверум парираше само во првиот дел од првото полувреме, но Порто лесно се одлепи и поведе со +5. По паузата стрелците се расположија и се разиграа, па Португалците стигнаа до убедливо славје против норвешкиот ривал. Македонскиот репрезентативн голман Никола Митревски на голот на Порто имаше десет интервенции, а Фрис на спротивната страна 12. Кај стрелците, со по седум погодоци се истакна Итуриза, Родригез и Солштад.

Порто во нокаут рундата ќе вкрсти со Алборг, додека Елверум оди во „пеколот“ против Барселона.

AnimeDao animedao tower of god: Watch One Punch Man Episode 11 (https://animedao.nl/m/6ox/ep-11)

ANIMEFLIX animeflix kimi no na wa: TONIKAWA: Over the Moon For You Episode 12