November 24, 2020 01:21
Спорт

Порто му ја преполови радоста на Вардар во последнта секунда

Ракометарите на македонскиот и сеуште актуелен европски машки ракометен првак Вардар не ја прокнижи и втората победа по ред во групата А од Лигата на шампионите, откако вечерва како домаќини португалскиот Порто им ја преполови радоста буквално во последната секунда (25:25). Натпреаврот помина со повеќе резултаски пресврти на двете страни, за да последните секунди Вардар успеа да ги дочека со гол предност, но не и да се одбрани и да се израдува на нов триумф.

Вардар беше подобар на почеток, поведе со 4-2, резултат при кој Чупиќ промаши празен гол при обид од сопствената половина. Токму од тој момент Порто влезе во фантастична серија, гостите не само што израмнија, туку поведоа и со 4-8 создавајќи им огромни проблеми на избраниците на Алушовски. Вујин постигна два гола во моментите кога нападот не функционираше најдобро, а потоа до крајот на полувремето поголемиот дел од работата ја заврши одбраната на чело со голманот Ристовски, кој покрај бројните одлични интервенции, постигна и четити гола како казна за грешките на Порто во нападот „седум на шест“.

На полувреме сепак Вардар замина сио минимална предност од 13-12. Водството „црвено-црните“ го чуваа во првите десетина минути од вториот дел, по што  минимално водство што „црвено-црните“ го одржуваа и во првите десетина минути од вториот дел. По што ми Порто почна да прави резултаски пресврти, па во самиот финиш влезе со предност од два гола, кои вардарци сепка ги анулираа и дојдоа до гол-предност на само 25 секунди пред последниот свирежа на сирената, но не се одбранија.

Марко Вујин и Иван Чупиќ со по шест гола беа најефикасни кај „вардарци“, четири погодоци постигна Борко Ристовски. Во следното коло македонскиот првак му гостува на тимот на ПСЖ, меч закажан за 28 октомври.