January 21, 2020 15:43
Свет

Порошенко: Најважен совет – Не му верувај на Путин

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го посоветува својот наследник Володимир Зеленски да не се среќава со Путин тет-а-тет.

– Најважниот совет е – не му верувај на Путин. Исто така, би го советувал да не се среќава сам со него, рече Порошенко.

Тој додаде дека за време на претстојните преговори во рамки на „Нормандиската четворка”, Зеленски не треба да ја покрене темата за гасот, така што на Русија нема да и се даде можност да формулира понуда за „евтин гас за важни политички отстапки”, бидејќи тоа би било неповолно за Украина.

Состанокот на лидерите на „Нормандиската четворка” за решавање на состојбата во Украина ќе се одржи на 9 декември во Париз.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека постои поголем оптимизам за исходот од претходната средба.

Нови вести

Велика Британија сака пријателски односи со ЕУ по Брегзит

zane

Државјаните на земјите членки на ЕУ не сакаат да ја напуштат Британија по Брегзит

zane

Е-трговијата во Германија во 2019 година изнесувала 72,6 милијарди евра

zane