July 23, 2019 11:02
Македонија

Пороен дожд и град во Пелагонија

Претпладне беше сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладнево имаше локална појава на пороен дожд и грмежи во источните планински подрачја, а нестабилно на повеќе места беше во југозападните делови од земјава.

Во делови од Пелагонија (најпрво во околината на Битола, а потоа и на Прилеп) имаше и појава на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град (според радарската слика). Во овие моменти нестабилно со пороен дожд и грмежи е на потегот од Дебар, Гостивар, преку Кичево кон Велес и Штип, како и во околината на Куманово.

До вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во централните и источните делови. Во ноќните часови стабилно со постепено намалување на облачноста.

Нови вести

Градиме по план, Град Скопје продолжува со санација на најважните сообраќајници

Igor

Заев: Борисов не ургирал за Камчев, тој е европски премиер

Igor

Ветингот во МВР на владина седница

Valentina