November 27, 2020 00:29
Свет

Пораст на јужнокорејската економија

Економијата на Јужна Кореја забележа пораст во третиот квартал од годинава, надминувајќи го падот предизвикан од Ковид-19 кога главните трговски партнери на земјата почнаа да ги укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата.

Четвртата по големина азиска економија се зголемила за 1,9 отсто во последниот квартал во однос на претходните три месеци, соопшти денеска Банка на Кореја, што е најбрза експанзија од првиот квартал во 2010 година.

Во однос на минатата година, јужнокорејската економија во третиот квартал се намалила за 1,3 отсто, откако имала пад за 2,7 проценти претходните три месеци.