September 24, 2019 11:21
Свет

Поранешниот премиер на Малезија се подготвува за судењето за корупција

Пранешниот малезиски премиер, Наџиб Разак, кој изминативе неколку недели се обидуваше да се ослободи од имиџот на богат елитен политичар и да изнуди јавно сочувство од граѓаните, во вторникот го чека судење за корупција.

Наџиб се изјасни како невин по обвиненијата за кривично прекршување на довербата, злоупотреба на моќта и перење пари во првото од многуте рочишта за извршена измама од над една милијарда долари во државниот фонд 1Malaysia Development Berhad (1MDB).

Судењето почнува девет месеци откако Малезијците на изборите го отстранија Наџиб од функцијата. Јавноста беше згрозена од наводите дека околу 4,5 милијарди долари биле украдени од 1МDB, а околу една четвртина од нив завршиле на неговите лични банкарски сметки.

Набргу по изборите во мај 2018 година, полицијата откри предмети и готовина во вредност од 300 милиони долари на имоти поврзани со Наџиб.

Но, со наближувањето на датумот на судењето, Наџиб, кој продолжува да тврди дека е невин, се обиде да се претсатви себеси како жртва на владата предводена од премиерот Махатир Мохамад, кој ги отфрли неговите обиди карактеризирајќи ги како обични приказни.

Нови вести

Земјотрес го потресе Истанбул

zane

Полицаец на Флорида отпуштен од работа затоа што уапсил шестгодишни деца

zane

Лекар извршил абортус на погрешна жена

Valentina