December 9, 2022 01:21
Спорт

Поранешниот прв човек на салвадорскиот фудбал осуден за примање поткуп 

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Ел Салвадор, Реиналдо Васкез (66) е осуден на казна затвор во траење од 16 месеци поради примање поткуп во рамки на аферата „Фифагејт”. 

Васкез во судот во Њујорк го призна обвинението за корупција, додавајќи оти чувствува „голем срам”. 

Поранешниот прв човек на фудбалот во Ел Салвадор беше обвинет дека заедно со своите соработници примил поткуп во износ од 350.000 долари во врска со продажба на правата за емитување и маркетинг правата за натпреварите на салвадорската репрезентација. 

– Обвинетиот заедно со своите соработници, мотивирани од алчност, се посрамотиле себе си полнејќи ги џеповите со стотици илјади долари од подмитување, а на грбот на спортот, салвадорската фудбалска Федерација и заедницата на која и служелсе наведува во судската одлука.