October 26, 2021 14:56
Свет

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“.

Шпанија го обвини Пучдемон за бунт и помагање на референдумот за независност во 2017 година, што шпанските судови го оценија како нелегален.

Во март, Европскиот парламент му го одзеде имунитетот на Пучдемон што го уживаше како член од 2019. Оттогаш, Пуџдемон тој живееше во егзил во Белгија.

Неговиот кабинет вели дека Пучдемон во четвртокот попладне отпатувал за Алгеро од Брисел за да учествува на меѓународна изложба и да се сретне со регионалниот лидер на Сардинија и нејзиниот правобранител. Кога пристигнал на аеродромот, го затекнала италијанската гранична полиција и го привела.

Утре тој ќе се појави пред судиите на Апелациониот суд во Сасари, кои ќе одлучат дали ќе го ослободат или ќе го екстрадираат.

Шпанија побара негова екстрадиција поради неговата улога во обидот да ја добие независноста на Каталонија.

Референдумот доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении, по што каталонскиот парламент еднострано прогласи независност во ноември 2017 година, што ја натера централната влада да наметне директна моќ од Мадрид, а властите почнаа со апсење на водачите.

Watch Mad Bull 34 Episode 4

Website https://animepahe.cc: Watch Kaijuu Girls: Ultra Kaijuu Gijinka Keikaku 2nd Season animepahe Episode 12 watch anime online

Oh! Edo Rocket (Dub) (https://twistmoe.net/m/LgOn) Episode 26

I, Tsushima (https://animetv.cc/m/PnZA) Episode 18

Getpocket: https://getpocket.com/@700dzpe7T034dg99fuA847cA4agVT185978fb2U9cQL6f8x345cqfN45D10FX81d?src=navbar

Dashburst: https://dashburst.com/kissanimemx