June 26, 2022 23:26
Македонија

Поранешниот директор Бесими ќе биде обвинет за пожарот во тетовската модуларна болница

Поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица, пренесува А1он.

Извори од тетовскоото јавно обвинителство тврдат дела истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен Бесими одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, имале раководни позиции.

Одговорноста се темели на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

Во пожарот кој пламна во вечерните часови на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 беа пациенти, а другите двајца беа лица кои се грижеле за некои од своите блиски.

По трагедијата, тогашниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани понудија оставки, но поранешниот премиер Зоран Заев не им ги прифати. Оставки поднесоа и Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

Македонските крим-техничари утврдија дека пожарот во модуларната болница во Тетово настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабелна дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат. Ова беше единствениот конкретен податок којшто укажуваше која била иницијалната каписла за избувнувањето на пожарот. Неколку месеци подоцна својот извештај го доставија и германските експерти коишто вршеа вештачење во странски лаборатории. Деталите од документот не беа објавени во јавноста, но делови од него, според обвинителите, се поклопуваат со сознанијата на македонските крим-техничари.

Поврзани вести

Петков: Брисел ја поддржа бугарската позиција, Скопје сега има избор за својата иднина

Igor

Фото галерија: „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“- мото на овогодинешното издание на „Скопје прајд“

Valentina

ССМ притисокот го продолжува на улица- од понеделник ќе го блокира Скопје

Igor