August 12, 2022 01:30
Балкан

Поранешниот градоначалник на Букурешт правосилно осуден на 10 години затвор

Поранешниот градонаалник на главниот град на Романија, Букурешт, Сорин Опреску, денеска е правосилно осуден на затворска казна од 10 години и 8 месеци. Одлуката ја донесе Апелацискиот суд во Букурешт, пренесуват агенциите.

Опреску беше обвинет за три кривични дела: земање поткуп, организирање група за вршење кривично дело и злоупотреба на службената положба.

Според обвинителите, Опреску во својот дом во 2015 година примил 25 илјади евра од Богдан Попа, поранешен директор на Агенцијата за гробишта, а тие пари потекнувале од корупциска зделка.

Во мај 2019 година Опреску од оснвниот суд беше осуден на казна затвор од 5 години и 4 месеци, но Апелацискиот суд му ја удвои казната.

Сорин Опреску беше градоначалник на Букурешт од јуни 2008 година до септември 2015 година кога беше уапсен поради обвинение за корупција. Во периодот меѓу 2000 и 2008 година тој беше сенатор од редовите на Социјалдемократсата партија на Романија.