September 30, 2020 08:58
Спорт

Поранешна шампионка на „Ролан гарос” се избори против ракот

Поранешната шампионка на „Ролан гарос”, Франческа Скијавоне, објави дека е излечена од рак. 39-годишната Италијанка, која го освои Отвореното првенство на Франција во тенис во 2010 година, не даде дополнителни детали за болеста, но на Твитер изјави дека била излечена по хемотерапија.

„Здраво на сите. После 7-8 месеци молчење на социјалните медиуми и изолирана од светот, сакам да споделам што се случи со мене. Ми беше дијагностициран карцином. Јас направив хемотерапија, се борев напорно и сè уште дишам. Ја освоив оваа битка. И веќе се враќа, на активниот живот”, напиша Скијавоне.

Таа е прва италијанска тенисерка која освои Гренд-слем титулата . Во кариерата има освоено осум титули и во 2011 година го достигна четвртото место на светската ранг-листа.

Скијавоне ја заврши кариерата минатата година по 22 сезони како професионална тенисерка.