Мирјана Стојановиќ (34 г.) мис на фотогеничност и финалистка на изборот за Мис на Србија во 2007 година, утринава загинала во сообраќајна несреќа, јавуваат медиумите кај северниот сосед. Сообраќајната несреќа во која учествувале автомобил „голф“ управуван од Стојановиќ се судрил со камион на патниот правец Прахово – Шимановци, а од здобиените повреди мисицата погинала на лице место.
Мирјана беше финалистка на првиот официјален избор за Мис на Србија, уште во 2007 година, кога имаше само 19 години. Таа пленеше со својата харизма, која подоцна ја потврди со титулата Мис на фотогеничност која ја освои.
Во последните години таа се повлече од јавниот живот и целосно се посвети на приватниот бизнис, во салонот за убавина кој го поседуваше.