Спорт

Поранешен судија: Барселона е оштетена за пенал против Реал

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2-1 во синоќешното „Ел Класико“, но како и секогаш по натпреварот имаше незадоволни. Овој пат Каталонците беснеат на судијата Хесус Хил Манцано поради недосуден пенал во финишот.

Бенџамин Менди беше во дуел со Мартен Брајтвајт, но Манцано одлучи дека нема доволно силен контакт за да покаже на белата точка, што можеше да ја доведе Барселона до израмнување.

Поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалес моментално работи како експерт за весникот „АС“ и даде свое видување на спорната ситуација.

Пенал, тоа е пенал. Го исфрли од рамнотежа во тркот. Го повлече за рака за да не ја однесе топката и го исфрли од баланс. Пеналот е навистина глупав, но е чист пенал. Да трчаа едан крај друг, ќе беше поинаква ситуација и да се случеше истото ова, тогаш немаше да биде пенал, но во оваа ситуација, да тоа е пенал“, анализира Итуралде.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е фрустриран од одлуката на судијата, посебно на ВАР да не биде досуден пенал за неговиот тим.

-За мене тоа беше чист пенал и сите го видоа тоа. Мартин падна и требаше да биде пенал. Судијата можеби не виде, но имаме ВАР за вакви стуации. Како и да е, подобро да не зборувам повеќе за тоа. Тимот беше психолошки добар и заслуживме пенал во таа ситуација, изјави Куман по мечот.

WCOStream anime stream: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3

AniWatch anime stream: Watch DARLING in the FRANXX Episode 21