December 4, 2022 20:20
Свет

Поранешен полицаец го изврши масакрот во градинката во Тајланд, меѓу 34 убиени се и неговата сопруга и децата

Тајландската полиција трага по напаѓачот, кој упадна во градинка, избоде и пукаше во деца и постари лица. Во нападот загинаа најмалку 34 луѓе, меѓу кои и 22  деца, а се стравува дека оваа бројка не е конечна.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Се работи за Пања Камраб, поранешен полицаец.

Камраб се самоуби по масакрот. Инаку, Камраб минатата година бил отпуштен од полицијата поради злоупотреба на дрога, изјави полицискиот командант Јакапата Виџитраитају.

Напаѓачот употребил и огнено и ладно оружје, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите се и неговата сопруга и децата.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor