January 20, 2022 22:44
Спорт

Поранешен познат италијански фудбалер ќе оди во затвор поради рекетирање со мафијашки методи

Пред 15-тина години беше на врвот на кариерата, настапуваше за повеќе екипи во италијанската фудбалска калчолигашка конкуренција, па дури играше и за репрезентацијата на „аѕурите“, а сега му се заканува затворска казна Повеќето следбеници на случувањата во Серија А добро се запознати со фудбалските квалитетите на малиот и брзоног Фабрицио Миколи. Токму тој, Миколи во вторникот беше осуден на три години и шест месеци затвор. Пресудата ја потврди судот во Касазионе, трет степен на италијанското правосудство.

Според пресудата Миколи насилно изнудувал пари со помош на Мауро Лауричела, мафијаш и мафијашки бос во Палермо кој е осуден на седум години затвор.  Газета дело Спорт пишува дека неговото „затворање“ е неизбежно, без оглед на најавата за жалба.

Целата приказна започна пред речиси десет години кога Миколи под насилство и закани се обиде да земе 12.000 евра. За да изнуди пари од Андре Графањини, сопственик на ноќен клуб, тој наводно користел мафијашки методи. На снимка се гледало како Миколи исто така го навредува Џовани Фалконе, судија кој беше убиен од италијанската мафија во 1992 година.

Миколи се извини за своите постапки, тврдејќи дека воопшто не знаел дека неговиот пријател Лауричела е мафијаш, но таа приказна не поминала кај судиите. Најголем фудбалски белег Миколи остави во Палермо каде настапуваше од 2007 до 2013 година. Беше член и на Јувентус, играше и за Фиорентина, а одреден период и за Бенфика. Тој се збогуваше од фудбалот пред шест години. Последен клуб во неговата кариера беше Биркиркара во Малта.

watch anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime online Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

AnimeFreak My Hero Academia Episode 5

anime freak site AnimeFreak Your Name.

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 5

AnimeFreak Death Note (Dub)