Свет

Поранешен маринец е напаѓачот кој уби 13 лица во Калифорнија

Напаѓачот кој уби 13 лица во кантри барот „Бордерлајн” во Таузенд Оукс, американската полиција го идентификуваше како Ијан Дејвид Лонг (28).

Локалниот шериф на прес-конференција соопшти дека тој бил ветеран и оти служел во американската морнарица. На полицијата и бил познат од претходно поради неколку казни за паркирање и предизвикување сообраќајни несреќи.

Очевидци тврдат дека станува збор за белец, чие тело било полно со тетоважи. Американските медиуми наведуваат дека тој до кантри барот пристигнал со автомобилот на мајка му и го извршил масакрот. Во време на нападот, во барот имало околу 200 луѓе. Мотивот засега е непознат, но властите се надеваат дека ќе добијат повеќе информации по денешниот претрес на неговиот дом.

Очевидци тврдат дека Лонг, облечен во црно, влегол во барот околу 23.20 часот по локално време и веднаш почнал да пука со пушка со калибар 45.

По нападот, тој извршил самоубиство.

Related posts

Драстичното намалување на бројот на мигрантски работници од ЕУ во Велика Британија

ivona

На Хедер Нојерт и е понудено местото амбасадор на САД во ОН

ivona

Сандеј Тајмс”: Се распаѓа Владата на Тереза Меј, ја напуштаат уште четири министри ?

Igor