Свет

Поранешен лидер на ЕТА уапсен во Франција

Поранешниот лидер на ЕТА, Хозе Тернер, кого шпанските власти го обвинија за учество во напад во кој беа убиени 11 лица во 1987 година, е уапсен во Франција, објави денес шпанското Министерство за внатрешни работи.

Тернер, исто така познат како Антонио Урутикоече, е притворен во Горна Савоја, благодарение на заедничката шпанско-француска акција, објави агенцијата.

Шпанскиот Врховен суд издаде меѓународна потерница за него во 2002 година поради нападот во 1987 година.

Нови вести

Ирски министер за надворешни работи: ЕУ нема да му понуди на новиот британски премиер подобар договор

Igor

Меј: На 7 јуни поднесувам оставка (видео)

Igor

Избори за ЕП: Денеска гласаат во Чешка и во Ирска

Igor