June 24, 2022 04:29
Македонија

Пендаровски: Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет

По повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата  и трансфобијата , претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја упати следната порака:

На Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата се потсетуваме на потребата за подигање на свесноста, континуираната борба за повеќе права и еднакви можности на ЛГБТИК+ луѓето. Многумина од нив сѐ уште живеат во страв за општествената прифатеност, се предмет на дискриминација, вознемирувачки говор или пак жртви на насилство како дела од омраза.

 

За жал, како општество не сме имуни на предрасуди, стигматизација и говор на омраза кон лицата кои се дел од ЛГБТИК+ заедницата.

 

Неприфатлива е дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет. Сите луѓе треба да ги уживаат основните човекови права, и не смее да има исклучоци по ниту еден основ.

 

Сите ние треба да придонесеме кон унапредување на инклузијата во нашето заедничко општество, прифаќање и почитување на различноста.

 

Да создаваме општество во кое сите ќе ги уживаме фундаменталните права, заедница во која маргинализираните сограѓани ќе бидат заштитени, соодветно на демократиските вредности во кои веруваме.”

go88 lmhmod máy chủ go88 go88 pro

live sunwin đăng ký sunwin sunwin live chat