November 12, 2019 05:38
Свет

Поради штрајкот, „Луфтханза“ откажа 600 лета

Германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска, откажа околу 600 лета поради штрајкот на екипажот, кој почна вчера. Најавено е дека штрајкот ќе трае 48 часа, а вчера беа откажани 700 лета. Со тоа се погодени речиси 180.000 патници, соопшти компанијата.

Синдикатот организира штрајк за спорот со „Луфтханза“ во врска со платите и правниот статус на синдикатот. Иако штрајкот треба да заврши денеска, од компанијата соопштија дека и утре ќе има последици во листата на летови бидејќи некои авиони и екипажи треба да се вратат на соодветните локации.

Синдикатот ги заштитува интересите на речиси 21 илјада вработени во „Луфтханза“.

Нови вести

Шекеринска од Свети Николе: После 30 години зборување за НАТО, СДСМ успеа да го донесе овој стратешки приоритет, тоа е патриотизам

Igor

ЕУ, Берлин, Париз и Лондон бараат Иран да се придржува до нуклеарниот договор

Igor

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Igor