December 4, 2022 19:35
Скопје

Поради дефект утре без вода „Аџибадем Систина”, околните објекти и Момин Поток

Поради дефект на затворач ф-80 мм на улица „Скупи” бб (кај „Техно Комерц”), утре прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на дел од таа улица, вклучително „Аџибадем Систина”, околните објекти и Момин Поток.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.