June 24, 2021 20:46
Свет

Поради воздушните напади повеќе од 38 илјади Палестинци ги напуштиле своите домови

Обединетите нации соопштија дека повеќе од 38.000 Палестинци се принудени да ги напуштат своите домови поради израелските воздушни напади, а повеќе од 2.500 останале без покрив над главата.

-Директивата е да се продолжи со напади врз терористички цели, израелските одбранбени сили добро се снаоѓаат, изјавил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според изјавата на Нетанјаху акциите на израелската армија ќе продолжат „колку што е потребно“ до „враќање на мирот и безбедноста на сите жители на Израел“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Вечерва портпаролот на ООН, Стефан Дијарик изјави дека 38.000 раселени Палестинци од Газа побарале заштита во 48 училишта управувани од агенцијата на ООН за палестински бегалци (УНВРА). Според портпаролот на ООН во Газа се оштетени 41 образовна институција.

-Снабдувањето со електрична енергија низ Газа е намалено на шест до осум часа на ден во просек. Тоа е проблем во обезбедувањето здравствена заштита и други основни потреби, вклучувајќи вода, храна и санитарни услови, изјавил Дијарик.

Светската програма за храна започнала да обезбедува итна помош на повеќе од 51.000 жители на Газа. Египет, кој исто така посредува за прекин на огнот, испрати камиони со хуманитарна помош и медицински материјали до појасот Газа. Неименуван египетски официјален претставник изјавил дека тројца ранети Палестинци се префрлени во болница на египетскиот Синајски полуостров денеска. Тие биле пренесени преку граничниот премин Рафа во болницата во Ел Ариш. Овие се првите ранети кои се префрлени на лекување во Египет од почетокот на конфликтот на 10 мај.

AnimeDao hunter x hunter animedao: Watch Attack on Titan Season 3 (Dub) Episode 3

AnimeHeaven hunter x hunter anime heaven: Watch Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 15