January 17, 2019 12:27
Свет

Поради бомбашки закани евакуирани три суда во Германија

Германската полиција денеска спроведе евакуација на вработените и присутните во судови во градовите Кил, Ерфурт и Магдебург, поради добиени закани дека во судските згради се поставени бомби.

Како што јави електронското издание на весникот „Хановерише Алгемајне Цајтунг”, заканите за поставени бомби во судовите во Ерфурт и Магдебург биле упатени по електронска пошта, додека за Судот во Кил преку телефонски повик во текот на ноќта.

Во тек е полициска акција за проверка на објектите на трите суда во која се вклучени и кучиња-трагачи по експлозиви.

Во исто време, полицијата во германската западна покраина Хесен на Твитер објави дека спровела евакуација на судници во суд во градот Визбаден, откако во неа бил пронајден сомнителен предмет.

Related posts

Заложничка криза во Украина: Во пошта заробени 11 луѓе, од кои две деца

24news

Турција нема да презема мерки против Русија

24info

(Видео)Мeј и Јункер разменија остри зборови во Брисел

Igor