June 16, 2021 16:43
Македонија

Попов: СДСМ не направи ништо за младите, поддршката на младите е се поголема за ВМРО-ДПМНЕ

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Филибастер” на радио Лидер се осврна на повеќе теми, меѓу кои и на актуелната за дигитални учебници за која рече дека ќе направи само поделби меѓу учениците.

„Се поставува прашање за подготвеноста за дигатални учебници, кој ќе ги пишува, кој ќе ги одобрува. Ние немаме техничка подготвеност, најголем дел од училиштата се рунириани, а ќе треба интернет, технички кадар и мал милион детали кои мислам дека ова министерство ги нема разгледано. А сето ова ќе предизивка и дискриманција меѓу децата, немаат сите родители средства за да им купуваат уреди”, рече Попов.

Тој укажа дека во ковид пандемијата се покажа дека не може да се следи наставата онлајн, а не како што планираат сега да има само дигитални учебници.

„Нив не ги интересира дали може да се реализира нешто. Тие гледаат само да имаат финансиски бенефит. Тоа го направија дури и со вакцините, тие пробаа и на тоа да извлечат финансиска корист. Сакаа набавката да ја направат преку фантом фирма, излегоа и докази дека уплатиле аванс на фантом фирма”, вели Попов.

Според него оваа влада не направи ништо за младите.

„Нив им беа полни устите со студентскиот стандард, со враќање на младите во Македонија, ветуваа студентски град, а реновираа само две крила во студентскиот дом „Гоце Делчев” чија реконструкција почна во време на ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат кога сме кај младите пред две години изгласавме Закон за младински политики, ама од тој закон не е реалзирано ништо”, рече Попов.

Попов укажа дека сета корупција и криминал ги гледаат и младите и не гледаат нема иднина за нив тука, затоа заминуваат.

„Корупцијата ја гледаат и и младите, и се прашуваат како да направам нешто за себе во ваква ситуација. Гледаат колку афери има, истите имаат и продолженија. Нормално е да се иселуваат младите кога гледаат само корупција и криминал околу себе”, рече Попов.

Попов се осврна на анкетите на јавното мислење и информираше дека и во онаа МЦМС се гледа сериозно водство или 23 посто од младите даваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, а 17 проценти за СДСМ.

„Младите се чувствуваат излажани како никогаш досега, затоа резултатите се такви”, кажа Попов.

AnimeTV animetv onepiece: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 6

AnimeHeaven animeheaven bna: The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12