September 23, 2019 22:30
Спорт

Попович: Франција е вистински тим

По поразот на САД од Франција со 79:89 во полуфиналето на Светското во Кина, американскиот селектор Грег Попович ги пофали Французите и повика да не се шпекулира непотребно со оние кои откажаа учество, туку да се обрне внимание на играчите кои моментално се во неговиот состав.

– Венсан Коле и неговите играчи завршија одлична работа. Ова е најдобриот француски тим, што сум го гледал, затоа што играат подеднакво силно и во одбраната и во нападот. Не се само неколку играчи. Тие се вистински тим. Тие се силни и индивидуално и како тим. Тие беа едноставно прекрасни. Поразот боли уште повеќе во овие околности, но … тоа е. Животот продолжува. Имаме семејства, живот надвор од теренот и сето тоа ќе продолжи, рече Поповиќ.

За средбата со Србија, Поп вели дека тоа е само уште еден натпревар за нив.

– Не знам што да ви кажам, освен дека ќе излеземе за победа, вели тој.

Селекторот на САД изјави дека се гордее со настапот на својот состав и дека не треба да се зборува за оние кои не биле во Кина.

„Не е важно дека Американците беа без „оние други играчи”. Играчите на кои сметав, завршија добра работа и јас сум горд на нив, заврши Поп, додавајќи дека ваквите споредби изразуваат непочитување кон Франција.

Нови вести

Загреб му даде отказ на Тамше, го враќа Вујовиќ

Igor

Меси е најдобриот играч

Igor

Тимот на годината со четворица играчи од Реал Мадрид

Igor