January 21, 2021 09:43
Балкан

Поплави на југот на Србија, евакуирани 34 лица

Специјални тимови за спасување евакуираа 34 лица од поплавени згради најдодената вода во Лесковац, Бојник и во Бујановац. Градскиот штаб за вонредни состојби на градот Ниш прогласи вонредна состојба поради природна катастрофа предизвикана од синоќешното невреме, објавено е на официјалната веб-страница на градот.

Откако во последните 24 часа наврнаа 55 литри дожд на метар квадратен, Јужна Морава се излеа во Врање.Во Пирот, поради обилните врнежи од дожд, поплавени се приградски и рурални населби, а најкритично е во Рогож, Кавка, селата Темска, Рудињ. На предлог на Штабот за вонредни состојби, претседателот на општината, Братислав Петровиќ, воведе вонредна состојба во Власотинце, поради штетата предизвикана од обилните дождови во претходните два дена.

Петровиќ рече дека нивото на водата сега е во стагнација на сите реки во сливот на Власина, но дека последиците се евидентни и дека е потребно да се применат мерки за итна заштита и спасување на населението и материјалните добра.
Тој изјави дека ќе се ангажира дополнителна механизација, ќе бидат евакуирани и згрижени загрозени жители, како и ќе се формира комисија за проценка на штетата на инфраструктурата, домувањето и помошните објекти и земјоделското земјиште.

Водоснабдувањето се уште е во прекин, а снабдувањето со електрична енергија е поповолно, се наведува во соопштението. Поради обилните врнежи од дожд и излевањето на реката Власина, од утрово општина Власотинце нема вода, а планинските села останаа без електрична енергија.Во пониските делови на таа општина беа поплавени куќи и дворови, а граѓаните и членовите на штабот за вонредни состојби синоќа дежураа со полициските и противпожарните екипи на многу локации во Власотинце.+

Од утрово нема вода за пиење бидејќи, како што се наведува, фабриката не може да ја преработи поради заматеноста на реката Власина и целиот нејзин слив.Дотогаш, како што се додава, граѓаните ќе се снабдуваат со вода од цистерни.
Електростопанството на Србија (ЕПС) објави дека сите планински села се без струја, а дел од Власотинце, покрај поранешната фабрика „Беско“, нема и електрична енергија.

The Irregular at Magic High School: Visitor Arc Episode 13 at KissAnime fire force kissanime

The Testament of Sister New Devil (Dub) Episode 12 at Funimation funimation fruits basket season 2