March 9, 2021 10:24
Скопје

Поплавите ќе бидат минато во УЗ „Цветан Димов“

Атмосферската канализација помага за одведување на дождовните води и спречува создавање на поплави. Со овој зафат во урбаната заедница „Цветан Димов”, се поставува атмосферска канализација и тоа на улиците „Вера Јоциќ”, „Тодор Паница”, „Тодора Паница 1″, „Вера Јоциќ 1″, „Вера Јоциќ 2″, „Георги Димитров”, „Новопроектирана 1″, „Михаил и Ефтихиј”, „Новопроектирана 2″, „Георги Димитров 1″, „Дичо Петров”,„ Дичо Петров 1″ и на „Тоне Томшиќ” се одвиваат градежните работи за поставување на атмосферска канализација со вкупна должина од 2712 метри.

Поставувањето на атмосферска канализација се реализира преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии, со поддршка од Светска банка.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, извршија увид во работните активности  и ги замолија изведувачите да ја зголемат брзината и ефикасноста на изведба на работите и улициге да се вратат во функција што е можно поскоро.

Watch Noblesse (Dub) Episode 9 at KissAnime yuri on ice kissanime

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/xQ5r/ep-2) at Crunchyroll crunchyroll free shows