October 22, 2021 12:39
Македонија

Пописот – најголема статистичка и политичка операција за Ромите во Македонија

После неполни 20 години, во денешна Република Северна Македонија во тек е попис на населението. Сложена статистичка операција од која зависи иднината и развојот на целото македонско општество, посебно на помалку бројните заедници како што е ромската.

Инспириран од важноста на процесот, личното искуство на идентификувана слабост на државниот систем при спроведувањето на истиот и се побројните реакции и поплаки за одредени неправилности и обиди за манипулација идентификувани на терен од граѓани и граѓански активисти кон ромската заедница ме мотивираа да пишувам.

Овој напис има цел да информира, разјасни, мотивира и апелира до повеќе директно и индиректно вклучени и одговорни страни во спроведувањето на пописната операција.

Формално-правно пописот, претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава. Поголемиот број на држави ги организираат пописите во точно одредени временски делови, кој е обично околу 10 години. Кај нас во Македонија овој процес без малку доцни точно 10 години.

Прашањето околу пописот во Македонија станува мошне актуелно и политички по етничка основа важно по донесувањето на Охридскиот Рамковен Договор во 2001 година. Согласно принципите на истиот преточени во Уставот и неколку законски и подзаконски решенија од бројот на населението по етничка основа зависи и бројот на посебни права кои ги стекнуваат и уживаат одредени заедници.

Имајќи ја предвид праксата, искуството и начинот на креирањето на јавните политики, еднаквата и правична застапеност во државната и јавната администрација, учеството во донесувањето на одлуки (на хоризонтално и вертикално ниво) и распределбата на буџетски средства во повеќе области насочени кон развој на државата во изминатите 20 години, кај мене не постои дилема дека пописот освен што е најголема статистичка истиот е уште поголема политичка операција. Политичка операција од која во наредните 10, а, можеби и повеќе години ќе зависи темпото на развој не само на државата генерално туку конкретно и на ромската заедница во сите области (образование, вработување, домување, здравство, култура, животна средни итн.).

Минатите 20 години ни покажаа какви и колкави пропусти направивме како заедница во 2002 година кога се спроведе последниот попис. Прашањето кое што си го поставувам себеси и Вам е дали нешто (ако да, што?) научивме и презедовме да ги поправиме тие слабости?

Бидејќи се наоѓаме на неполна седмица до официјалното завршување на најголемата статистичко политичка операција сакам да упатам неколку апели и пораки до конкретни таргет групи во ромската заедница.

До граѓанскиот сектор, ромските медиуми (аудио-визуелни, пишани и дигитални) и сите индивидуалци кои спроведуваат или се дел од активности поврзани со пописот

· Интензивирајте ја кампањата во насока на информирање и мотивирање на населението да го искористи своето право за попишување согласно личните убедувања, истакнувајќи ја посебно нивната етничката припадност.

· Подигнете го тонот во известувањето и реакциите поврзани со одредени неправилности и обиди за манипулација на терен.

· Зголемете го притисокот кон релевантните државни институции кои се директно одговорни за спроведување на истиот.

· И во континуитет информирајте ја меѓународната заедница за споменатото.

До полнолетните средношколци, студенти, поранешни и сегашни стипендисти на Ромскиот Образовен Фонд и други организации и институции

– Ваша морална обврска и обврска на вашите семејства е да се попишете како припадници на ромската заедница што всушност беше или сеуште е основа поради која сте добиле или во моментов користите финансиска и дополнителна образовна и академска поддршка во процесот на вашето образование.

– Ова е одлична и конкретна прилика да вратите и да направите нешто корисно од кое бенефит ќе има целата ромска заедница во наредните 10 или повеќе години.

До ромските политички партии, нивните лидери и партиски структури

– Политичка и граѓанска одговорност имате да бидете проактивни, да ги искористите и фокусирате сите ваши партиски, човечки и материјални ресурси за успешно спроведување на статистичко-политичката операција наречена попис.

– Всушност од резултатите на истиот ќе зависи и вашиот понатамошен политички ангажман, кариера и придонес по кој ќе бидете запаметени и запишани во историјата.

И на крај до кандидатите за Градоначалници и Членови на Советите во Општина Шуто Оризари и другите општини како што има кандидати Роми

Оставете ги за момент партиските активности поврзани со претстојните локални избори (и така кампањата официјално сеуште не е почната) и насочете ги истите кон пописот. Така ќе добиете поголем авторитет и кредибилитет во текот на изборната кампања, а резултатите од пописот ќе ви помогнат во креирањето и спроведувањето на реални, соодветни и успешни партиски и работни програми од чија имплементација и резултати ќе зависи вашиот политички, колективен и индивидуален успех во иднина.

Ќе завршам со следново: На располагање сум на сите споменати таргет групи за помош и поддршка согласно моето скромно знаење, искуство и можности што ги имам во моментов, да помогнам и придонесам, за, прво, да ја исполниме нашата граѓанска должност, второ моралната одговорност што ја имаме кон себе и нашата заедница и трето кон државата во која живееме, работиме и твориме.

Само заедно со здружени капацитети, ресурси, делување, свест и третман на прашањето како стратешки национален интерес за Ромите, можеме да се надеваме на повеќе од тоа што го постигнавме во минатото. Ова за мене лично е поука и лекција на која не смееме да потфрлиме како во 2002-ра. Одговорноста е подеднаква на сите, само аспектите од кои ја гледаме истата се различни.

Ви благодарам. Devlesa!

Реџепали Чупи

Авторот е поранешен директор во Министерството за образование и наука и актуелен директор на Ромскиот Образовен Фонд.

Изнесените ставови и мислење се индивидуални на авторот согласно неговите лични убедувања.

Compiler (https://kissanime.mx/m/Z72a) Episode 2

Watch Buddha 2: The Endless Journey Episode Full

Website https://animepahe.cc: Watch Shigatsu wa Kimi no Uso: Moments animepahe Episode Full watch animes

AnimeKisa: One Piece: Episode of Skypiea anime episode Full online free at https://animekisa.in anime websites

Sites google: https://sites.google.com/view/gogoanimelol

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/animeflixnl