Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Прашањето на пописот е премногу важно за развојот на државата и не смее да се прекине поради политичките хирови на неспособниот Христијан Мицкоски или негови блиски поединци во ВМРО-ДПМНЕ. Тие секогаш и во се’ ќе најдат причина да блокираат и опструираат. Тоа го видовме и во изминатите 3 години, секогаш делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата.
Постојано подбуцнување на конфликти во секоја можна прилика и блокади. Таквите политичари како Мицкоски не се способни да понудат никаков напредок за граѓаните. Затоа го политизираат пописот, шират невистини и оспоруваат резултати на уште неспроведен попис, во некаков неразумен обид да го саботираат целиот процес. Немањето попис цели две децении е штетно.
Пописот е основ планиран економски развој на земјата, за напредок.
Кога ќе имаме реална слика за состојбата на терен, ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни. Со тоа ќе се унапредат и нивните права и придобивки. Јалови се обидите за наметнување дебата колку проценти е било која етничка заедница. Пописот ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
Пописот сега е вратен во рацете на институциите, на професионалците од Државниот завод за статистика. Операцијата ја спроведуваат професиналци по сите европски стандарди.
Така е правилно. А не како во минатото, ако политичко тело го спроведува пописот, тој најдиректно се политизира и на крајот нема резултат. ВМРО-ДПМНЕ го прекина последниот обид за попис, и тоа го направи откако потроши милиони евра народни пари. Заврши времето на политикантски калкулации, интересот на граѓаните и на државата сега е на прво место.Нема да отстапиме пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат можност за свој политички успех.По 19 години, државата конечно ќе добие попис спроведен по сите меѓународни стандарди.