March 22, 2019 01:46
Свет

Помпео: Се надевам дека преговорите со Северна Кореја ќе продолжат

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека и натаму се надева оти Вашингтон ќе може да ги продолжи преговорите за денуклеаризација со Северна Кореја и покрај заканите од Пјонгјанг за нивно прекинување.

Помпео нагласи дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој минатиот месец, ветил оти Пјонгјанг нема да продолжи со нуклеарните тестови.

– Целосно очекуваме дека тој ќе остане на таа заложба, додаде Помпео.

Изјавата на Помпео претставува реакција на денешната најава на севернокорејската заменик-министерка за надворешни работи Чо Сон-хуи дека властите во Пјонгјанг разгледуваат можност за прекин на понатамошните преговори со САД за денуклеаризација.

– Немаме намера да правиме отстапки пред барањата на САД во каква било форма, ниту пак имаме желба да водиме таков вид преговори, изјави Чо на прес-конференција во Пјонгјанг.

Таа додаде дека Ким наскоро има намера да даде официјална изјава во која ќе го образложи следните чекори на Северна Кореја по „неуспешната средба” со Трамп во Ханој.

Ова е прва официјална изјава на претставник на Пјонгјанг со оценка за средбата меѓу Ким и Трамп, што се одржа на 27 и 28 февруари во виетнамскиот главен град Хано

Нови вести

Најголема заплена на дрога во Филаделфија во последните две децении

Filip

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата

Filip

Трамп: Време е да се признае израелскиот суверенитет над Голан

Filip